Сектор за Развој на Заедницата
Краен Рок за Пријавување: 16.10.2024
Јавен повик за учесници на креативни работилници

НОВУС ве поканува да се приклучите на нашите работилници, кои ќе се одржуваат во текот на октомври и ноември! Ова е одлична можност за сите креативци и ентузијасти да научат нови вештини, да го развијат својот талент и да се инспирираат за претприемништво. Сите работилници ќе бидат водени од експерти во своите области, а на крајот ќе организираме завршна изложба на вашите креации!
Програма на работилниците:
Работилница за плетење – 11-12 ноември
Работилница за изработка на свеќи – 26 октомври и 2 ноември
Работилница за изработка на природни сапуни – 20 и 21 ноември
Работилница за развој на бизнис вештини и претприемништво 14 и 15 ноември
Како да аплицирате?
Пополнете ја апликациската форма: https://forms.gle/KhZe4exMbnRYFb7v9 и одберете една или повеќе работилници на кои би сакале да учествувате. Учеството е ограничено, па побрзајте да се пријавите!
Овој повик е дел од активноста „Girls-led youth community actions“ кој го имплементира Центар за истражување и анализи НОВУС, а е во рамки на проектот „Еднакви можности за девојчиња и млади жени во Северна Mакедонија“, спроведен од Национален младински совет на Македонија – НМСМ / NYCM / KRNM и Stella Network со финансиска поддршка од Британската амбасада во Скопје British Embassy Skopje.
