Краен Рок за Пријавување: 25.12.2025
ЈАВЕН ПОВИК за учество во теренско истражување
Центарот за истражување и анализа НОВУС објавува Јавен повик за ангажман на два (2) теренски истражувачи за спроведување на теренско истражување во рамки на проектот „Талентирани, Амбициозни, Активни – ТАА“, кој се спроведува во рамки на проектот „Од несвесни за различностите до трансформативни локални заедници кои ја препознаваат различноста и инклузивната еднаквост“, финансиран од Делегацијата на Европската Унија во РСМ согласно Грант договор (IPAIII/2022/441-800), спроведувано од НСРР, Полио Плус и АДИ.
- Предмет на ангажман
Предмет на овој повик е ангажман на двајца теренски истражувачи за спроведување на вкупно 200 анкети, односно:
· 100 анкети по еден теренски истражувач, во согласност со однапред подготвен прашалник и методологија.
- Опфат на ангажманот
Теренските истражувачи ќе бидат задолжени за:
· Спроведување на анкетирање на терен, согласно утврдениот примерок и инструкции;
· Почитување на етичките стандарди при собирање на податоци;
· Навремена и уредна достава на пополнетите анкетни прашалници.
- Времетраење
Ангажманот ќе се реализира во период Jануари и Фебруари, или до целосно спроведување на предвидениот број анкети.
- Критериуми за избор
Кандидатите треба да ги исполнуваат следните услови:
· Претходно искуство во спроведување теренски истражувања и/или анкетирање;
· Способност за работа на терен и почитување на зададени рокови;
· Комуникациски вештини и одговорност при работа со испитаници.
- Начин на пријавување
Заинтересираните кандидати треба да достават:
· Кратка биографија (CV);
· Изјава за претходно искуство во теренски истражувања (доколку има).
Документите се доставуваат по електронски пат на е-пошта: contact@associationnovus.org.соm назнака: „Пријава за теренски истражувач во рамки на Проектот “„Талентирани, Амбициозни, Активни – ТАА“
- Рок за пријавување
Рокот за доставување на пријавите е до 25.12.2025 година.
- Избор
Изборот на кандидатите ќе се изврши врз основа на исполнување на условите и релевантното претходно искуство, во согласност со интерните процедури на организацијата и правилата на донаторот.
