Сектор за Развој на Заедницата
Краен Рок за Пријавување: 30.09.2025
ЈАВЕН ПОВИК за учество во теренско истражување
Центар за истражување и анализи НОВУС објавува Јавен повик за ангажирање на лица за учество во теренско истражување и спроведување теренски активности.
Овој ангажман се реализира во рамки на проектот „Изборен Навигатор за зајакнување на демократијата и изборниот процес во С. Македонија“, кој е субгрант добиен во рамките на проектот „ЕУ поддршка за Граѓански ресурсен центар – фаза 2“, финансиран од Европската Унија.
Краток опис на ангажманот
Ангажираните лица ќе бидат дел од теренски тим кој активно ќе работи на промоција на демократското учество, граѓанската едукација и информирањето на населението за изборните права и процедури. Ангажманот подразбира директна работа со граѓани во локалните заедници, учество во организација и реализација на теренски настани, како и поддршка при презентација и користење на дигиталната алатка „ИЗБОРЕН НАВИГАТОР“. Ангажманот ќе се реализира преку теренски посети, мобилни инфо-штандови, локални средби и интерактивни презентации во повеќе општини низ државата.
Цел на ангажманот
Целта на ангажманот е да се придонесе кон зголемување на јавната свест и граѓанската вклученост во изборните процеси преку директна комуникација со граѓаните и промоција на достапни дигитални алатки за информирање и учество. Преку теренските активности ќе се работи на доближување на изборните процеси до локалните заедници, особено до граѓаните кои имаат ограничен пристап до информации или се помалку вклучени во демократските процеси.
Опис на работните задачи
Избраните кандидати ќе бидат одговорни за спроведување на теренски активности во координација со проектниот тим и локалните партнери. Работните задачи ќе опфаќаат организација и учество на информативни настани, поставување и координација на мобилни инфо-штандови, како и директна комуникација со граѓани во локалните заедници.
Ангажираните лица ќе учествуваат во презентација и демонстрација на користењето на дигиталната алатка „ИЗБОРЕН НАВИГАТОР“, ќе дистрибуираат информативни и едукативни материјали и ќе обезбедуваат основни информации поврзани со изборните права и процедури.
Потребни документи за пријавување
Сите заинтересирани кандидати треба да достават:
- Кратка биографија (CV);
- Мотивациско писмо.
Документите се испраќаат на е-пошта: contact@associationnovus.org, најдоцна до 30.09.2025 година, до 23:59 часот.
Само кандидатите кои ќе влезат во потесен избор ќе бидат контактирани.
