Партнери

Општина Струмица
ЦИА НОВУС ја започна својата соработка со локалната самоуправа преку потпишување на Меморандум за соработка и организирање на дисеминациски сесии, со цел запознавање на општината со дејностите и работата на здружението. Ова партнерство вклучува реализација на низа проекти и активности во различни области од заеднички интерес.
Денес, Општина Струмица претставува еден од главните партнери на ЦИА НОВУС, кој активно учествува како поддржувач и помагател во успешната имплементација на проектите и мисијата на здружението. Со оваа соработка се унапредуваат клучни активности кои влијаат на позитивни промени и развој на локалната заедница.

Здружение на новинарите на Македонија – ЗНМ
Центарот за истражување и анализи НОВУС посветено работи на заштита на слободата на новинарите и активно се залага за унапредување на безбедноста на новинарската професија. Успешната соработка со Здружението на новинарите на Македонија (ЗНМ) се темели на поттикнување на граѓанско сојузништво за заштита на слободата на медиумите, како и спроведување на заеднички активности со цел зголемување на капацитетот на граѓаните, особено на младите, во полето на медиумска писменост и препознавање на говорот на омраза.
Со оваа соработка, НОВУС и ЗНМ работат на изградба на силен демократски капацитет кој ги поддржува основните медиумски права и зајакнува свеста за важноста на слободните и независни медиуми во општеството.

Медија Флеш – Здружение за медиумска писменост
Соработката со Медија Флеш се темели на континуирана поддршка од самиот почеток и претставува верен партнер и соработник во процесот на транспарентна промоција на активностите, програмите и проектите. Преку нивната професионална и веродостојна поддршка, се осигурува ефективна промоција на овие активности на традиционалните и електронските медиуми.
Медија Флеш исто така активно придонесува во борбата против лажни вести, како и во подобрување на медиумската писменост, особено кај младата популација, со редовно истакнување на важноста на критичко размислување и разликување на веродостојни извори на информации. Оваа соработка е клучна за зголемување на свеста за одговорно медиумско известување и информирање.

Национален младински совет на Македонија
ЦИА НОВУС е членка на Националниот младински совет на Македонија (НМСМ) од 24 април 2021 година. Соработката со НМСМ се темели на заедничко развивање на младински политики и остварување директни контакти со останатите членки на советот, што ја унапредува работата на полето на младите.
Клучен сегмент во соработката претставуваат седниците на Управниот одбор, кои редовно се одржуваат и имаат големо значење за активностите на младинскиот сектор. Од редовите на ЦИА НОВУС, од 2022 година, НМСМ има и свој Делегат, кој активно учествува во одлучувањето за областите на дејствување и нивното значење кога станува збор за младинските политики.

Сојуз за младинска работа
ЦИА НОВУС е членка на Сојузот на млади и младински работници на Република Северна Македонија (СМР) од мај 2021 година. Во рамките на соработката со СМР, значаен е директниот контакт со активностите кои се имплементираат на терен, со фокус на напредокот во процесот на отварање младински центри низ државата.
Посветено се следи Законот и Правилникот за стандарди за квалитет на младинските центри, за да се осигураат највисоки стандарди во нивната работа. Благодарение на активностите и заложбите на СМР, ЦИА НОВУС во јуни 2022 година го доби првиот сертифициран младински работник во Струмица, што претставува значаен придонес во развојот на младинската работа во регионот.

National Endowment for Democracy – NED
ЦИА НОВУС успешно соработува со National Endowment for Democracy (NED), со цел да ја засили демократијата во Република Северна Македонија. Нашето партнерство се фокусира на политичко образование и обука, регистрација на гласачите и образование за гласачките права, со посебен акцент на млади новорегистрирани гласачи. Преку заедничките активности и иницијативи, се поттикнува активно вклучување на младите во демократскиот процес, со што се обезбедува одржливо учество на младите во политичката и изборната сфера. Целта на нашата соработка е да се зголеми свесноста за значењето на демократијата и да се создадат можности за младите да се вклучат и да влијаат на одлучувачките процеси во државата.
National Democratic Institute (NDI)
ЦИА НОВУС има успешна и продолжена соработка со National Democratic Institute (NDI), фокусирана на промоција на недискриминација, борба против стереотипите и религиска толеранција. Заедно, работиме на иницијативи кои имаат за цел да ги поттикнат младите и заедницата во целина да ги почитуваат права на сите индивидуи, без разлика на нивната религија, етничка припадност или други разлики. Преку различни обуки, кампањи и јавни дијалози, поттикнуваме инклузивност, разбирање и преговори помеѓу различни религиозни и етнички групи, како и работиме на побољшување на свесноста за важноста на мултикултурното коегзистирање. Ова партнерство игра клучна улога во градбата на толерантно општество, каде што се негуваат почитувањето на разликите и одржувањето на мирот.
EDYN North Macedonia (European Democracy Youth Network)
ЦИА НОВУС е партнер на EDYN North Macedonia (European Democracy Youth Network), мрежа која обединува организации и млади лидери од различни земји во Европа со цел да го унапредат демократијата и да ја поттикнат младинската политичка активност. Како дел од раководството на EDYN, ЦИА НОВУС активно придонесува во создавањето на стратегиите и иницијативите кои ја зајакнуваат демократијата и младинската партиципација.
Заедно со другите членки на мрежата, ЦИА НОВУС спроведува различни активности, вклучувајќи обуки, кампањи за подигнување на свесноста, и поддршка за младите да се вклучат во демократските процеси. Нашето партнерство ја зајакнува улогата на младите како активни и информирани учесници во политичкиот живот на нивните земји и во Европа во целост, создавајќи простор за инклузивни дискусии, размена на идеи и заедничка акција.
Нашето членство во EDYN не само што ја засилува нашата посветеност на демократските вредности, туку и овозможува нови можности за младите од Република Северна Македонија да се вклучат во европскиот политички контекст и да ги истакнат нивните идеи и потреби.

Oрганизацијата Унапредување на економиите за посилни заедници (IESC)
Центарот за истражување и анализи НОВУС активно соработува со организацијата „Унапредување на економиите за посилни заедници“ (IESC), во партнерство со Младински образовен форум (МОФ) и Центарот за претприемачи и развој на менаџери (CEED Hub) Скопје, на иницијативата „Skills Uprise: Connecting Youth to Opportunities!“
Целта на оваа иницијатива е развој на меките, дигиталните и зелените вештини на младите во Струмичкиот микро-регион, како и унапредување на нивните можности за вработување. Програмата опфаќа стручна обука и развој, како и можност за практиканство во бизнис секторот, со што младите стекнуваат неопходни компетенции и практично искуство за успешно интегрирање на пазарот на трудот.
Преку ова партнерство, НОВУС ја истакнува својата посветеност на поддршката на младите, нивниот професионален развој и градењето на посилни и поотпорни заедници.
Агенцијата на САД за меѓународен развој (УСАИД)
Во изминатите години, УСАИД се истакна како значаен и доверлив партнер на Центарот за истражување и анализи НОВУС, поддржувајќи повеќе проекти и иницијативи насочени кон унапредување на заедницата.
Преку оваа поддршка, НОВУС успешно имплементира активности кои придонесуваат за развојот на младите, зајакнување на граѓанското општество и создавање на одржливи решенија за локалните предизвици. Благодарение на долгогодишната соработка со УСАИД, продолжуваме да создаваме позитивни промени и да ја поттикнуваме трансформацијата на нашата заедница.

DYPALL Network
Центарот за истражување и анализи НОВУС е горд член на мрежата на DYPALL, преку која заедно со останатите членки активно се залага за зголемување на вклученоста на младите во демократските процеси на донесување одлуки.
Преку промовирање на меѓусебна соработка и партнерства со локалните власти, НОВУС придонесува кон зајакнување на гласот на младите и нивната улога како активни учесници во креирањето на политики. Оваа платформа овозможува размена на искуства, заедничко креирање иницијативи и унапредување на демократијата на локално и национално ниво.
Младински Образовен Форум / Youth Educational Forum
Центарот за истражување и анализи НОВУС веќе три години успешно соработува со Младински образовен форум (МОФ) како локална канцеларија, со цел да ги приближи нивните програми до младите во Струмица и регионот.
Преку иницијативи како дебата, учиме право, активизам и новинарство, заеднички создававме можности кои ги поттикнуваат младите да се ангажираат, да учат и да развиваат критичко размислување. Ова партнерство ја зајакнува улогата на младите како активни граѓани, охрабрувајќи ги да придонесат кон позитивни промени во својата заедница.
Peace Corps North Macedonia
ЦИА НОВУС има долгогодишна соработка со Peace Corps, која значително ја поддржа нашата работа во заедницата. Благодарение на ова партнерство, Peace Corps ни овозможи ангажман на волонтер кој активно учествуваше во нашите различни проекти и иницијативи.
Во текот на своето работење, волонтерот од Peace Corps донесе свежи идеи, нови перспективи и значителен придонес во спроведувањето на активности во рамките на младински и образовни програми, како и иницијативи за социјална инклузија. Соработката со Peace Corps ни овозможи да ја зголемиме нашата опфатност и да ја унапредиме квалитетата на активностите кои ги реализираме на локално ниво.
Со поддршка на Peace Corps, ЦИА НОВУС може да продолжи да ја зајакнува својата мисија за развивање на локалната заедница, промоција на човекови права и поддршка на активизмот кај младите.

American Corner – Shtip
ЦИА НОВУС во соработка со Американскиот Центар – Штип ја организира серијата „Клуб за книги по англиска литература“ со цел да ги вклучи учениците од средните училишта во развојот на вештините за критичко размислување преку текстовите на авторите. До сега, реализиравме три книги кои ги опфаќаат жанровите „приказни за созревање“, „историска фикција“ и „фикција“.
Учениците активно учествуваат во разговори и ја споделуваат својата перспектива врз основа на неделното читање. Клубот за книги е создаден како простор за учениците да се поврзат, да размислуваат и да размислат за нашите животи како процес на созревање.
Преку оваа иницијатива, ЦИА НОВУС и Американскиот Центар – Штип ја поттикнуваат љубовта кон книгата и промовираат важноста на размислувањето, анализата и дебатата за значајните теми во современото општество.

Europe House Strumica
ЦИА НОВУС има долгорочна и успешна соработка со EU House – Струмица, која е фокусирана на поттикнување на европските вредности, демократските процеси и активното учество на граѓаните. Заедно реализираме различни активности кои имаат за цел да ја зголемат свеста за значењето на Европската унија и нејзините институции, како и да ги охрабрат младите да се вклучат во процесите на демократска трансформација и европска интеграција.
Преку оваа соработка, организираме дебати, информативни кампањи, работилници и јавни настани кои ја зајакнуваат свеста за европските стандарди, демократијата и важноста на младинската и граѓанската ангажираност. Нашето партнерство со ЕU House – Струмица продолжува да го развива активизмот и граѓанската одговорност во локалната заедница, поттикнувајќи ги младите да се информираат и да се вклучат во создавањето на позитивни општествени промени.
Меѓународна фондација за изборни системи / International foundation for electoral systems (IFES)
Во рамките на Electoral Support Programme, предводена од IFES, Центарот за истражување и анализи НОВУС активно соработуваше на следењето на локалните изборни ветувања. Целта на оваа активност беше да се поттикне отчетноста и транспарентноста на локалните власти, како и да се зајакне довербата на граѓаните во демократските процеси. Преку овие напори, НОВУС придонесе за поголема одговорност во исполнувањето на изборните обврски и за подобрување на јавната контрола на политичките процеси на локално ниво.

Фондација АЛБИЗ
ЦИА НОВУС има успешно партнерство со ALBIZ во рамките на проектот Платформа за инвестиции во Заедницата. Оваа иницијатива има за цел да ги поттикне локалните инвестиции и да ја зајакне економската активност на локално ниво. Платформата овозможува директен контакт помеѓу инвеститорите и локалните бизнис субјекти, создавајќи можности за финансирање на локални иницијативи и проекти кои ќе придонесат за економски развој и подобрување на условите за живот во заедницата.
Во партнерство со ALBIZ, ЦИА НОВУС работи на унапредување на оваа платформа преку создавање на интуитивен и лесен за користење интерфејс, како и обезбедување на поддршка за инвеститорите и претприемачите. Платформата го олеснува процесот на инвестиции, дозволувајќи им на локалните компании и иницијативи да добијат потребни средства и ресурси за нивно растење и развој.
Хелсиншки комитет за човекови права
Центарот за истражување и анализи НОВУС активно соработува со Хелсиншкиот комитет за човекови права на активности насочени кон следење и пријавување на говор на омраза. Оваа соработка има за цел да придонесе за унапредување на човековите права и за градење толерантно општество. Преку заедничките иницијативи, НОВУС и Хелсиншкиот комитет се залагаат на почитување на различностите, човековото достоинство и слободата на изразување.

СОС Детско село
ЦИА НОВУС соработува со СОС Детско село во рамките на проектот „Зајакнување на младите преку нови можности“. Овој проект има за цел да ја зголеми вработливоста на младите во социјален ризик преку обуки за животни вештини, кариерно советување и професионално надоградување. Заедно работиме на подобрување на нивните можности за вработување и активно учество на пазарот на труд.

Youth Alliance Krusevo
ЦИА НОВУС има долгогодишна и успешна соработка со Youth Alliance Krusevo, организација која активно работи на развој на младински политики и промоција на младинска активност во Република Северна Македонија. Нашето партнерство е базирано на заеднички вредности и целите за унапредување на младинската активност, со посебен фокус на образование, вклучување во демократските процеси и развој на лидерски вештини кај младите.
Со текот на годините, ЦИА НОВУС и Youth Alliance Krusevo реализирале бројни младински проекти, работилници и кампањи кои го зголемуваат капацитетот на младите да учествуваат во донесувањето на одлуки и да ја подобрат својата лична и професионална изведба. Нашата соработка ја зајакнува младинската култура на заедничко дејствување, со што се овозможува поголемо вклучување на младите во развојот на општествените и политичките процеси во Македонија и пошироко.
Партнерството со Youth Alliance Krusevo е клучно за реализирање на инклузивни и иновативни активности кои обезбедуваат континуирано учење и развој на младите во нашиот регион.

Центарот за интеркултурен дијалог (CID)
ЦИА НОВУС има долгогодишна и успешна соработка со Центарот за интеркултурен дијалог (CID) од Куманово, чија основна цел е промоција на интеркултурниот дијалог, толеранцијата и разбирањето меѓу различни етнички и верски заедници во Република Северна Македонија. Партнерството помеѓу ЦИА НОВУС и CID Куманово е засновано на заедничка посветеност кон инклузивни општествени процеси и поддршка за градење на мир и стабилност на локално ниво.
Преку ова партнерство, заедно реализираме работилници, тренинзи и јавни настапи кои се фокусирани на подигнување на свеста за важноста на верската толеранција, спречување на дискриминацијата и почитување на различностите. Целта на нашата соработка е да ги охрабриме младите, особено во мултиетничките средини, да станат активни учесници во создавањето на инклузивни заедници и да се залагаат за градење на заеднички живот во рамки на различностите.
ЦИА НОВУС и CID Куманово исто така работат на проектни активности кои ги промовираат човековите права и постигнувањето на социјална кохезија преку интеркултурен дијалог, што создава простор за јакнење на мирот и демократските процеси во регионот.

Центар за развој на политики / ЦРПМ
Центарот за истражување и анализи НОВУС имаше успешна соработка со Центарот за развој на политике (CRPM) во рамките на програмата за Родово одговорно буџетирање. Заедно работевме на изработка на бројни истражувања и анализи фокусирани на Југоисточниот регион, кои играа клучна улога во поддршката на напорите за развој на поефективни политики и стратегии.
Ова партнерство беше насочено кон промовирање на родова еднаквост и интегрирање на родово чувствителни пристапи во процесите на буџетирање и политичко планирање, што допринесе за создавање на поприфатливи и одржливи јавни политики.

ОБСЕ (Организација за безбедност и соработка во Европа)
Центарот за истражување и анализи НОВУС од 2022 година е активен член на мрежата против говор на омраза и криминал од омраза, поддржана од ОБСЕ. Во рамките на оваа соработка, започнавме серијал на поткасти под наслов „Vision of Voices“, кој се фокусира на теми поврзани со интеркултурен и интеррелигиски дијалог.
Целта на серијалот е да промовира толеранција, разбирање и соработка меѓу различни заедници, како и да ја зајакне свеста за важноста на почитување на различностите и изградбата на мирно и интегрирано општество. Поткастот се стреми да биде платформа за дијалог и размислување, која ги поттикнува слушателите на активно учество во создавањето на заеднички вредности.
Здружение КОНЕКТ – Скопје
Центарот за истражување и анализи НОВУС е посветен на унапредување на филантропијата, промовирајќи дарежливост и солидарност како основни вредности во заедницата. Преку континуирана соработка со Конект, активно работиме на создавање одржливи партнерства кои придонесуваат за позитивни промени и развој на локалната заедница.
Со заедничките иницијативи и активности, се зајакнува поврзаноста меѓу граѓаните, организациите и компаниите, поттикнувајќи ги да се вклучат во поддршка на клучни локални потреби, кои се од најголемо значење за благосостојбата и напредокот на заедницата.

ДМ Дрогерие Маркт
Центарот за истражување и анализи НОВУС посветено работи на создавање поддржувачка средина за женското здравје. Преку партнерството со dm drogerie markt, се гради клучен сегмент за подигање на свеста за значењето на менструалното и репродуктивното здравје, со цел намалување на стигмата и табуата поврзани со овие аспекти.
Со реализацијата на низа активности, се подобрува културата на информираноста во заедницата, со фокус на целокупното здравје на жените, што ја зајакнува нивната улога и благосостојба во општеството.

CIVICA Mobilitas
Civica Mobilitas е програма за поддршка на граѓанското општество, чии последни фази започнаа со имплементација на 1 април 2023 година, и ќе траат до 31 декември 2026 година. Програмата го поттикнува социјалниот напредок во Северна Македонија, преку зајакнување на граѓанскиот сектор, активирање на активни граѓани и обезбедување на добра соработка со властите. Како резултат на овие активности, се создава широк граѓански простор, поодржливи организации на граѓанското општество и се поттикнува транспарентно, одговорно и социјално инклузивно управување на национално и локално ниво. Преку овие напори, Civica Mobilitas има клучна улога во подобрувањето на демократските процеси и обезбедувањето на тоа што гласовите на граѓаните ќе бидат слушнати и вреднувани.

Associazione Elios
ЦИА НОВУС веќе подолг период успешно соработува со Elios Association во рамките на програмата Erasmus+. Заедно сме дел од различни проекти и иницијативи кои ги промовираат младинската размена, обуките и партнерствата за унапредување на знаењата, вештините и интеркултурниот дијалог меѓу младите. Кроз оваа соработка, се создаваат можности за младите да развиваат глобални вештини, да учат од различни култури и да се вклучат во европски и интернационални мрежи, поттикнувајќи ги да станат активни и одговорни граѓани.

Asociatia de Tineret ONIX
ЦИА НОВУС има долгогодишна соработка со Asociația Onix, активно учествувајќи во различни Erasmus+ програми. Заедно работиме на младински разменувачки проекти, обуки и иницијативи кои имаат за цел да ги подобрат вештините, знаењата и можностите за вклучување на младите во европскиот контекст. Оваа соработка придонесува за развој на глобалните компетенции на младите, обезбедувајќи им платформи за учење и активно учество во европски и меѓународни иницијативи.

Navissos Србија
ЦИА НОВУС има долга и успешна соработка со Navissos, партнер во различни Erasmus+ проекти. Заедно работиме на иницијативи за младинска размена, обуки и проекти кои ја поддржуваат интеграцијата на младите и нивното активно учество во европските процеси. Нашата соработка има за цел да ги развие вештините на младите, да ја поттикне нивната креативност и да ги охрабри да бидат дел од европските стратегии и иновации, заедно создавајќи можности за нивен личен и професионален развој.