Сектор за Развој на Заедницата

Завршување на проектот: 30.04.2024

Платформа за инвестиции во заедницата – ПИЗ Community Investment Platform – CIP

Времетраење : 40 месеци ( 01.01.2021- 30.04.2024 )

Донатор: Европска Комисија во рамки на програмата ИПА (European Commission, IPA II )

Цел: Главна цел на овој проект е унапредување на капацитетот на локалните граѓански организации за градење меѓусекторски иницијативи кои имаат за цел социо-економски развој на заедницата во земјата.

Специфични Цели на проектот:

  • Јакнење на довербата и соработката помеѓу граѓанскиот, бизнис и јавниот сектор.
  • Изградба и функционирање на национална платформа за инвестиции во заедницата.
  • Вмрежување и обука на граѓански организации за развој, финансирање и имплементација на проекти со општествено значење.
  • Поттикнување на општествена одговорност кај компании преку поддршка на иницијативи од граѓанскиот сектор.
  • Промоција на успешни примери на меѓусекторска соработка за поттикнување позитивни општествени промени.

Целна група и корисници на проектот?

Локални граѓански организации од различни региони во Македонија, особено од Југоисточниот и Струмичкиот регион.

Директни Корисници од проектот:

  • Граѓански организации кои учествувале во обуки, мрежни активности и добиле грантови.
  • Претставници на деловниот и јавниот сектор кои биле вклучени во платформата и промотивни настани.
  • Здруженија како ВК Актив и Мобилност Струмица кои директно добиле поддршка.

Индиректни корисници од проектот:

  • Заедниците каде што се имплементирани поддржаните проекти.
  • Лица со попреченост кои ќе ја користат опремата набавена преку fund-raising иницијативи.
  • Потенцијални инвеститори и донатори кои преку платформата добиваат пристап до граѓански иницијативи со општествено влијание.

mk_MK