Нашиот Тим

Координатор за Комуникации, Видливост и Промоција

Данче Кирова

Данче Кирова е сертифициран Frontend Developer од Brainster, со дополнителни обуки во дигитална трансформација, медиумска писменост и младински активизам. Данче е специјалист за видливост и социјални медиуми, каде развива и имплементира сеопфатни комуникациски стратегии за зголемување на влијанието на активностите на организацијата. Нејзината експертиза вклучува создавање на содржини, дигитален анализи и јавна комуникација, што значително придонесува за видливоста на проектите и мисијата на НОВУС.

 

Како еден од главните организатори на Младинскиот Фестивал во Струмица, Данче успешно координира младински настани преку кои активно промовира волонтеризам, креативност и младински активизам. Во улогата на проектен координатор во ЦИA НОВУС, таа управува со бројни проекти кои имаат за цел да ги оспособат младите луѓе и да им овозможат нови можности за професионален раст и личен развој. Дополнително, како Локален координатор на Регионалната Канцеларија на Младинскиот Образовен Форум при Центарот за истражување и анализи НОВУС, таа координира младински клубови во областа на дебата, артвизам, учиме право и новинарство.

 

Данче е сертифициран кариерен советник и тренер, со големо искуство во развој на меки вештини, како што се комуникација, решавање конфликти, и поставување цели. Низ својата кариера, таа се посветила на развојот на младите, поттикнувајќи ги да ги откријат и развијат своите професионални потенцијали. 

 

Нејзиниот ентузијазам за младински активизам и страста за неформално образование ја позиционира како лидер во полето на младински политики и општествена промена.

mk_MK