Нашиот Тим
Практикант за Визуелен Дизајн и Социјални Медиуми
Кристина Борисовска
Кристина Борисовска е талентиран дизајнер и фотограф, активен член на Центарот за истражување и анализи НОВУС, каде што има клучна улога во креирањето на визуелниот идентитет и управувањето со социјалните медиуми на организацијата. Како ученик на СОУУД „Димитар Влахов“ во Струмица, со насока фармацевтски техничар, Кристина вешто ги комбинира своите академски обврски со практични активности во рамките на волонтерството. Таа активно учествува во бројни волонтерски проекти и иницијативи, како член на НОВУС, но и во други локални и меѓународни организации, што ѝ овозможува да стекне значајно искуство и да ги развие своите креативни и технички вештини во области како графички дизајн, фотографија, дигитални комуникации и маркетинг.
Како дизајнер и фотограф, Кристина е посветена на создавањето визуелни материјали кои не само што ја претставуваат организацијата, туку и ја пренесуваат нејзината мисија, визија и вредности на ефективен и привлечен начин. Низ својата работа, Кристина ја демонстрира својата способност да го трансформира секој проект во визуелно интересна и соодветно комуницирана приказна, што има голем импакт во поддршката на ктивностите и кампаљите на НОВУС.
Љубовта кон креативноста и уметноста, како и нејзината дарба да создава иновативни визуелни решенија, ја прават истакнат член во тимот на НОВУС. Со секој проект, Кристина ја зголемува својата експертиза во дигиталната комуникација и маркетинг, придонесувајќи за подобрена видливост и успех на организацијата на различни платформи.