АНА КЛЕСОВА – ЧЛЕН НА УПРАВЕН ОДБОР

Почетна > Team > Управен Одбор > АНА КЛЕСОВА – ЧЛЕН НА УПРАВЕН ОДБОР

АНА КЛЕСОВА

ЧЛЕН НА УПРАВЕН ОДБОР НА НОВУС

Ана Клесова е дипломиран правник во областа на граѓанското право и е сертифициран работник со млади од страна на Министерството за образование и наука и Сојузот за младинска работа. Ана има стекнато многу меѓународни дипломи и признанија во областа на млади, човекови права, политики за млади и развој на заедницата. Има посетено неколку академии за младински и граѓански активизам и управување со проектен циклус. Во моментот своите професионално академски знаења и вештини ги надградува преку магистерските студии за Европско право на Правниот факултет при Универзитетот „Гоце Делчев“ Штип. Од 2013 година има работено во повеќе национални и интернационални организации и иницијативи, спроведено голем број проекти како Проектен Асистент и Координатор, фасилитатор и тренер на повеќе Erasmus+ младински размени и тренинзи. Од февруари 2021 година Ана ја обавува сениорската позиција на Координатор на мрежа и програмски менаџер во Europe House Струмица која е канцеларија на Делегацијата на ЕУ во државата. Од мај 2022 таа е исто така член и на Надзорниот Одбор на Националниот младински совет на Македонија.

Контакт: a.klesova@associationnovus.org