СЕКТОР ЗА МЛАДИ

Започна практикантската програма во рамки на иницијативата „Skills Uprise: Connecting Youth to Opportunities!“

Дознај Повеќе

Одржан интензивен тренинг за лобирање и застапување на младински политики во Струмица и Босилово

Дознај Повеќе

Организирана филмска вечер со проекција на филмот „White Chicks“ во Младинскиот центар Струмица

Дознај Повеќе

Успешно реализирана Академијата за Зелени Вештини во рамки на иницијативата „Skills Uprise: Connecting Youth to Opportunities!“

Дознај Повеќе

Филмска вечер во Босилово: Културата како алатка за заедничко поврзување

Дознај Повеќе

Фокус група на тема „Финансиско знаење и вештини кај младите“

Дознај Повеќе

Ангажирање на младите во процеси на дијалог со локалните власти

Дознај Повеќе

Истражување за финансиска писменост кај млади лица (18–29 години) во Југоисточниот регион

Дознај Повеќе

Завршени обуки за животни вештини и вработливост со Група 1 во рамките на проектот YEEP 2

Дознај Повеќе

Завршени обуки за животни вештини и вработливост со Група 2 во рамките на проектот YEEP 2

Дознај Повеќе

Секторот за млади при Центарот за истражување и анализи НОВУС нуди поддршка на младите преку креативни и иновативни проекти. Нашиот фокус е насочен кон создавање можности за младите да ја истражат својата креативност, да ги развијат своите вештини и да станат активни учесници во трансформацијата на своите заедници.

Сектор за Млади низ Бројки

Секторот за млади при Центарот за истражување и анализи НОВУС нуди поддршка на младите преку креативни и иновативни проекти.

5

Проекти

33

Активности

14

Повици

youth-sector

Што Работи Секторот за Млади?

Фокусот е на младите на возраст од 15 до 30 години, руралните заедници и маргинализираните групи, со стремеж да се подобри нивното лидерство, вработливост и инклузивност, во согласност со вредностите на солидарност, еднаквост и активно граѓанство.

 

Програмите на младинскиот сектор се насочени кон развој на вештини и вклучување во заедницата. Активностите вклучуваат обуки за меки и дигитални вештини, кариерно советување, стручни обуки и психосоцијална поддршка за млади во социјален ризик. Преку овие активности, младите стекнуваат компетенции кои им помагаат да го премостат јазот меѓу образованието и пазарот на труд.

Програма

Целта на младинскиот сектор е да создаде генерација на активни и способни млади луѓе кои ќе бидат носители на промени во своите заедници.

youth-sector-activities

Активности за Млади

Преку иницијативи како фестивали на младинска култура и активизам, поддршка на уметноста и креативните индустрии, како и програми за самовработување и претприемништво, секторот за млади во НОВУС ги инспирира младите да размислуваат иновативно и да ги остварат своите амбиции во кариерно насочување. Акцент ставаме на промовирање на активизам, еко-свесност и инклузија, обезбедувајќи им простор на младите за изразување на нивните идеи и гласови.

 

Волонтерите, кои се дел од активностите, придонесуваат со своите идеи, вештини и ентузијазам, збогатувајќи ги програмите со различни перспективи. Тие помагаат во реализацијата на обуките, менторството и организацијата на активности, притоа стекнувајќи значајни искуства и зајакнувајќи го својот личен и професионален развој.

Активности
youth-sector-erasmus

Еразмус+ Можности за Млади

Посебно внимание посветуваме на младинските размени преку програмата Еразмус+, кои им овозможуваат на младите да стекнат меѓународно искуство, да се поврзат со врсници од различни култури и да ги развијат своите лични и професионални капацитети. Овие размени претставуваат уникатна можност за едукација, интеркултурен дијалог и ширење на европските вредности.

 

Целта на младинскиот сектор е да создаде генерација на активни и способни млади луѓе кои ќе бидат носители на промени во своите заедници, поттикнувајќи позитивен развој и социјална кохезија.

en_US