Програма за заштита и унапредување на верските слободи и права во Западен Балкан

Програма за унапредување на верските слободи и права - НДИ

Почетна > Програма за заштита и унапредување на верските слободи и права во Западен Балкан

Поттикнување заеднички активности во врска со верските права и слободи во Западниот Балкан

Националниот демократски институт (НДИ) имплементира 18-месечна програма за заштита и унапредување на верските слободи и права во следните земји од Западниот Балкан: Албанија, Босна и Херцеговина, Косово, Северна Македонија и Србија. Верската слобода претставува лично право да се искаже верско убедување. Комплементарни со ова право се мирниот соживот и взаемната толеранција помеѓу верските заедници и групи во рамки на општеството. Во рамките на оваа иницијатива, НДИ ги кани верските заедници и групи да се здружат со локални граѓански организации кои промовираат заштита на човековите права и мултикултурализам, за да ги адресираат пречките за практикување на верските слободи, како верска дискриминација, меѓуетнички тензии и кривични дела преку говор на омраза,
во своите заедници.

Оваа програма е составена од три групи на комплементарни/интегрирани активности:

  • Отстранување на пречките низ меѓуверски дијалози: Серијата на меѓуверски дијалози ќе ги приближи поединците од различни вери и етникуми, со цел подобро да се запознаат и да дискутираат за заеднички горливи прашања и проблеми. НДИ ќе ги дополни овие локални дијалози со прекугранични регионални размени за да поттикне вмрежување и размена на научени лекции и добри практики.
  • Јакнење на капацитетите низ работилници за лидерство и застапување: Серијата на работилници за јакнење на капацитетите ќе ги: (1) Продлабочи знаењата на учесниците за дезинформациите и говорот на омраза кои ја зголемуваат верската нетрпеливост и ќе промовира најдобри практики за употреба на традиционалните и социјалните медиуми за справување со овие појави; (2) Зајакне знаењето на учесниците за политичките процеси, најдобрите практики за застапување и моделите за активизам во заедниците; (3) Развие капацитетите за лидерство и проектен менаџмент за успешна имплементација на заеднички проекти.
  • Формирање на локални коалиции за имплементација на заеднички активистички проекти: Учесниците ќе бидат поканети да аплицираат за грантови за имплементирање на проекти во своите заедници, кои имаат за цел да ги промовираат верските слободи и да се борат против нетолеранцијата и говорот на омраза. Низ проектната имплементација, НДИ ќе им помогне на учесниците да ги вклучат локалните чинители, вклучувајќи ги локалните власти, верските лидери и новинарите, но и ќе ги обучи за теми и решенија поврзани со верската слобода. Учесниците ќе бидат поканети и на Тренинг за тренери (ТзТ), за да можат да фасилитираат меѓуверски дијалози по завршувањето на програмата.

 

За Националниот Демократски Институт – НДИ

NDI е непрофитна, непартиска, невладина организација која работи во партнерство ширум светот за зајакнување и заштита на демократските институции, процеси, норми и вредности за да обезбеди подобар квалитет на живот за сите. NDI замислува свет во кој преовладуваат демократијата и слободата, со достоинство за сите.

Web: https://www.ndi.org/central-and-eastern-europe/north-macedonia

FB: https://www.facebook.com/NDINorthMacedonia

Instagram: https://www.instagram.com/ndi_north_macedonia/