United in Diversity

Платформа - Обединети во различностите

Почетна > United in Diversity

United in Diversity e проект кој е финансиски поддржан од Националниот Демократски Институт – НДИ преку „Програма за унапредување на верските слободи и права на Западниот Балкан“.

Проектот United in Diversity има неколку цели кои воглавно таргетираат и водат кон унарпредување на меѓурелигискиот дијалог и унапредување на правата на слобода на верска определба особено кај младата популација во Струмичкиот регион.

Главни цели на проектот се:

  • Да се поттикне и унапреди меѓурелигискиот, меѓукултурниот и меѓуетничкиот дијалог и разбирање меѓу младите од струмичкиот регион;
  • Подобрување на познавањето на основните човекови права во однос на слободата на изразување и верските слободи;
  • Подобро да се разбере фактичката состојба со влијанието на религијата и верата врз градењето на индивидуални и колективни идентитети во локалните заедници во Струмичкиот регион;
  • Да се запознае со културното, историското и верското наследство во Струмичкиот регион.
  • Зголемување на социјалниот и верскиот дијалог и разбирањето помеѓу различното верско и етичко население и млади во Струмичкиот регион.

Главните продукти на овој проект се:

  • Истражување кое  има за цел да даде јасна слика за меѓуетничкиот, интеркултурниот и интерелигискиот дијалог во Струмичкиот регион кое се заснова на конкретни препораки за идни активности и креирање на политики за помирување и антирадикализација;
  • Брошура која го содржи верското, културното и уметничкото наследство во Струмица и струмичко;
  • Промотивно видео за дисеминација на достигнувањата и активностите на проектот.