Верица Крстевска

Почетна > Team > Волонтери > Верица Крстевска

Волонтирањето ме има научено многу нешта кои инаку не можеш да ги научиш во училиште, не ги пишува во книгите бидејќи тоа се искуства кои го менуваат начинот на кој го гледаш светот. Волонтирањето ми има дадено премногу можности за надоградување на самата себе и моите интереси, сето време кое го минам на работилници и дискусии знам дека е добро потрошено и продуктивно. Покрај тоа дружењето и другарствата кои ги стекнуваш со луѓето се секогаш интересни и инспиративни.