Работилници за градење капацитети кај младите од Струмичкиот регион
Во склоп на иницијативата „Обединети во различностите“ беа спроведени три дводневни работилници за градење на капацитети кај младите од Струмичкиот регион во однос практицирање на верски слободи и права и основни човекови слободи и права. Во рамки на работилниците за градење капацитети учествуваа вкупно 28 млади од Струмичкиот регион, но и 8 млади од Куманово.
Тематски единици кои беа обработени заедно со младите беа поделени во три дела и тоа:
- Запознавање со поимите на меѓурелигиски, меѓукултурен и меѓуетнички дијалог;
- Запознавање со основните човекови права и верски слободи и права;
- Препознавање говор на омраза, злосторства од омраза и антирадикализација.
Посета на споделување искуства во „Центар за интеркултурен дијалог – ЦИД“ Куманово
Одржана посета на младинскиот центар „МултиКулти“ и организацијата „Центар за интеркултурен дијалог – ЦИД“ Куманово каде младите учесници од Струмица имаа можност да разменат искуства и да се запознаат со своите врсници од Куманово, да се дружат и да соработуваат преку заеднички вежби, притоа да научат како се применуваат интеррелигискиот и интеркултурниот дијалог во едно мултикултурно, мултиетничко и мултирелигиско општество.
Посета на верски и културно – историски локалитети во Струмица и струмичко
Посетата на историски, културни и верски знаменитости низ Струмичкиот регион со млади учесници на проектот. Младите имаа можност да ги посетат историските, културните и верските знаменитости и да дознаат повеќе за нив.
• „Сејид Мухамед Нур“ – Џамија во Струмица
• „Св.15 Тивериополски свештеномаченици “ – Православна црква и археолошки локалитет Струмица
• „Св.Кирил и Методиј“ – Православна црква Струмица
• „Успение на Пресвета Богородица„ – Католичка црква Струмица
• „Св. Димитрија“ Струмица – Православна црква Струмица
• Евангелско-методистичка црква – Протестантски храм во Колешино