Циклус на Грижа: Поддршка за Женското Здравје

Почетна > Projects > Циклус на Грижа: Поддршка за Женското Здравје

Вкупно времетраење на проектот  12 месеци започнувајќи од октомври 2024 до септември 2025. 

Цел:  

Да се подобри менструалното здравје на жените и девојките во нашата заедница преку обезбедување на хигиенски материјали и образование, со акцент на намалување на менструалната сиромаштија во Југоисточниот плански регион. 

 Специфични Цели на проектот: 

  • Подигање на свеста за значењето на менструалното здравје.  
  • Oбезбедување на бесплатни и достапни менструални производи за жените и девојките. 
  • Едукација за правилна менструална хигиена.  
  • Намалување на стигмата поврзана со менструацијата. 

Активности:

  • Организирање на Работилници за Ученици во Средни Училишта за Менструално Здравје и Хигиена 
  • Обука на Наставници и Здравствени Работници за Значењето на Менструалното Здравје 
  • Кампањи за Подигање на Свесност за Менструално Здравје како (Серија Видео Подкасти со Експерти и  Создавање на Брошури за подигање на јавната свест) 
  • Обезбедување на Психолошка Поддршка и Советување 
  • Караван во Југоисточен регион за освестување за Менструалното Здравје 

 

За да се осигури долгорочна одржливост на активностите поврзани со менструалното здравје, НОВУС преку проектот ќе организира специјализирани обуки за волонтери кои ќе се ангажираат во спроведувањето на проектните активности. Обуката ќе вклучува инструкции за управување со менструалните производи, едукација за менструално здравје и техники за комуникација со целната група. Обучените волонтери ќе бидат одговорни за оперативните аспекти на проектот, осигурувајќи неговата континуирана поддршка и реализација. Со овие мерки, проектот ќе создаде долгогодишна основа за поддршка на менструалното здравје во локалната заедница, обезбедувајќи дека активностите и ресурсите ќе бидат одржливи и достапни и по завршувањето на проектот. 

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *