Историја Новус
Здружението на граѓани Центар за истражувања и анализи НОВУС Струмица е формирано во 2013 година како непрофитна и невладина организација која работи на полето на човековите права, неформалното образование, младинскиот ангажман и граѓански активизам, социо-економските политики и развој, промоција и зајакнување на младинските политики, промоција на вредностите на ЕУ, социјална и културна промоција и развој како и промовирање на транспарентно работење на властите и институциите.
Од 2013 година НОВУС спроведува истражувања и активности кои се насочени кон транспарентноста на локалните и националните власти и владата, како и помагање и овозможување на младите од нашиот регион знаење и вештини да бидат дел од демократските процеси во нашата земја во работи кои ја засегаат главно младата популација.
Мисијата на Здружението е подобрување и зголемување на капацитетот кај младите како и подобрување на нивните компетенции и вештини преку нивен ангажман и инволвирање во граѓански активизам и волонтерство како и подобрување на целокупната социо економската состојба на граѓаните во заедницата. Активностите и проектите кои ги спроведва НОВУС има за цел да постигне поголема вклученост на граѓаните и младите претежно социјално исклучени од рурални средини во креирање на општествени политики. Примарна таргет група се младите од Струмица и Струмичкиот микро регион со секундарниот таргет пошироката популација од овој регион.
Визија на Здружението е да биде силно здружение со мотивирачки, посветен и иновативен тим на млади луѓе со бројно членство со силно изградени капацитети, вмрежени и етаблирани во граѓанскиот сектор на локално и национално ниво и во таа насока препознатливи како значаен коректив на властите во процесот на градење демократско општество со еднакви можности за сите.
Главни активности на делување на организацијата се:
- Потикнување добро владеење на институциите, подобрување на нивната транспарентност и отчетност, како и зголемување на партиципативноста на граѓаните,во процесите на донесување на одлуки.
- Потикнување на младите за обединување во вистински независни организации, надвор од партиски влијанија.
- Иницирање на диверзитет, дискусии и создавање на критичка свест, кај младите.
- Остранување на говорот на омраза и разликите по едничка,верска и политичка основа.
- Интегрирање и социјализирање на маргинализираните групи млади во општеството.
2013
Основање на Здружението на граѓани Центар за истражување и анализи НОВУС
2013
„Препознавање и борба против говор на омраза“, финансиски поддржан од о.Струмица – Првиот проект на ЦИА НОВУС.
Зачеток на првите партнерства.
2018
Над 100 волонтери во ЦИА НОВУС, останатото е историја.
2020
„Use Your Power“ – Првиот ЕРАЗМУС+ проект на ЦИА НОВУС.
2021
Над 300 млади на учество на настани.
Членка на Национален Младински совет на Македонија – НМСМ
Членка на Сојуз за младинска работа – СМР
2022
БЛАГОДАРНИЦА од Црвен Крст за особен придонес во афирмацијата на работата на ЦК Струмица во мандатен период од 2017-2022год
Организиран првиот Младински Фестивал во Струмица на Светскиот ден на Млади, во партнерство со општина Струмица, Europe House и Црвен Крст Струмица.
ЦИА НОВУС делува и како Локална Канцеларија на МОФ.