Каде да се обратам доколку моите права се прекршени?

Пријави нарушување на твоите права

Почетна > Каде да се обратам доколку моите права се прекршени?

Доколку увидите дека Вам или на некој друг му се повредени верските права и слободата на изразување, на располагање имате повеќе институции и организации кои можат да Ви помогнат.

Институции и организации кои работат на заштита на права на слобода на изразување и верска определба

Комисија за односи со верските заедници и религиозни групи

Комисијата за односи со верските заедници и религиозните групи (КОВЗРГ) е самостоен орган на државна управа, надлежен за прашањата од верската сфера во државата. Со Комисијата раководи директор како именуван функционер од Владата.

Институтот за човекови права (ИЧП)

Институтот за човекови права (ИЧП) е здружение на граѓани основано во Скопје, во 2009 година, со цел промовирање, унапредување и заштитата на човековите права и слободи преку континуирана едукација на професионалната јавност, анализа на состојбите, организирање на стручни дискусии во рамките на правната професија како и дискусии за општата јавност.

Комисија спречување и за заштита од дискриминација

Комисијата за спречување и заштита од дискриминација е самостоен и независен орган кој работи во согласност со надлежностите утврдени со Законот за спречување и заштита од дискриминација.

Народен правобранител

Народниот правобранител или Омбудсманот е специфичен, посебен, стручен и независен орган со овластувања за заштита на правата на граѓаните, што значи не е законодавно тело, извршна ниту судска власт, а уште помалку државен обвинител или орган на инспекција и надзор. Неговото значење и специфичноста на функцијата е токму во начинот на неговото дејствување и однесување. Методот и начинот на дејствување на Народниот правобранител се состои во давање предлози, совети, сугестии, соработка, подучување, умешност да се сослуша човекот и правовремено да дејствува во насока за остварување на правата на граѓаните.

 

Платформи каде што може да се пријави говор на омраза и дискриминација

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *