За проектот
Здружението на граѓани Центар за истражување и анализи „НОВУС“ од Струмица го реализираше проектот „Прибирање и обработка на информации од јавен карактер, како основа за транспаретност и отчетност на институциите од Југоисточниот плански регион, преку кои ќе се креираат истражувачки медиумски содржини со цел зголемување на информираноста на граѓаните“. Целта на проектот беше анализа, oбработка, прибирање и ефективна примена на информациите од јавен карактер поврзани со економија и финансии, квалитет на живот, здравство и животна средина како основа за отчетност и транспарентност на институциите во насока на подобрување и остварување на правата на граѓаните, креирање истражувачки стории и зголемување на степеност на информирање на јавноста.