ОНЛАЈН КАМПАЊА НА НОВУС: НАШИТЕ ПРАВА, НАШАТА СЛОБОДА, СЕКОГАШ!

Почетна > Projects > Идни > ОНЛАЈН КАМПАЊА НА НОВУС: НАШИТЕ ПРАВА, НАШАТА СЛОБОДА, СЕКОГАШ!

Дата: Декември – 2015

Статус: Изработен

Албум:Албум

За проектот

По повод меѓународниот ден на човековите права, здружението „НОВУС“ креираше онлајн кампања за запознавање на граѓаните со нивните основни човекови права, втемелени во Уставот и законите и согласно Меѓународната конвенција за човекови права. Во оваа наша кампања се приклучија студенти, НВО организации, актери, спортисти, музичари, активисти… Иако државата e обврзана да ги гарантира и почитува правата и слободите утврдени во овие документи, во Република Македонија сеуште постојат постапки со кои се ограничуваат основните слободи и права, притоа необезбедувајќи ефикасни механизми за нивна заштита. Нашите права, нашата слобода, секогаш!