„МАРКЕТИНГ И ПР – од теорија до пракса“

Почетна > Projects > „МАРКЕТИНГ И ПР – од теорија до пракса“

Тип: Конференција, Настан

Време: Септември-Декември 2014

Статус: Завршен

Албум: Албум

За проектот

Во рамките на проектот „Биди и ТИ претприемач“ кој што е целосно поддржан од општина Струмица во рамките на програмата за финансиска поддршка на невладиниот сектор за 2014 година, Здружението „НОВУС“ ја реализираше работилницата на тема „Маркетинг и ПР – од теорија до пракса“. Оваа е втора работилница во рамките на овој проект, а претходната беше за претприемништво и менаџмент. Целта на оваа работилница е учесниците кои што се пријавија врз основа на претходно пополнета апликација, да се запознаат со односите со јавноста и маркетингот, како клучни елементи во креирањето на еден бизнис концепт. Токму овие елементи беа опфатени на оваа работилница каде што предавачи беа Магдалена Михајлоска, менаџер за стратешки комуникации од Агенцијата за односи со јавност и комуникациски менаџмент IMAGE-PR и Сања Ристиќ, директор за клиенти од Агенцијата за маректиншки и комуникациски услуги Idea Plus Communications. Се надеваме дека и учесниците беа задоволни од работилницата и дека со помош на предавачите добија дополнителни знаења од областа на маркетингот, односите со јавноста и комуникациите.