За проектот
Во организација на Здружението „НОВУС“ се одржа тркалезна маса на тема „Независноста и објективноста на правосудството во општина Струмица, согласно Поглавје 23 – втемелени постулати или предизвик за реформи“, која што е дел од проектот „Мрежа 23“, целосно поддржан од Институт за европска политика. За правосудството говореа адвокати, заменик народен правобранител, претставници од граѓанскиот сектор и од правосудната фела. Целта со тркалезната маса е да да се поттикне дискусија околу прашањето за независноста и објективноста на Основен суд Струмица, јавно, со цел да се даде можност да се коментираат и аргументираат ставовите на секој од присутните, но и да се слушнат препораките и насоките за зацврстување на постулатите за независност и објективност на судството на ниво на општина Стурмица.