Носител: Ѓорги Милушев
Тип: Конференција
Време: Октомври – Ноември 2014
Статус: Завршен
Официјално видео за глобалната кампања на Советот на Европа против говорот на омраза: Link
За проектот
Проблемот кој ја предизвикува потребата од овој проект се состои во тоа што во последно време се поголем замав зима говорот на омраза како дејствие чија намера е да деградира, вознемири, или предизвика насилство или активности врз основа на предрасуди против лица или групи луѓе врз основа на нивната раса, род, возраст, етничка припадност, националност, религија, сексуална ориентација. Токму тоа доведува до дестабилизација во општеството и предизвикување на предрасуди, а тоа може да резултира со предизвикување на насилство или до елиминирање од јавна сцена. Токму реализацијата на овој проект се состои во елиминирање на сите овие негативности и активна борба против говорот на омраза, изразена преку соодветни обуки, семинари, брошури и изработка на видео-едукативни спотови, чија намера е младите и граѓаните да се запознаат и тие активно да се вклучат во борбата против говорот на омраза. Толеранцијата, дијалогот и разбирањето, спротивставување на ставовите и аргументите, се наша појдовна точка од која ќе тргнеме и ќе се трудиме да ја наметнеме, се со цел да се вклучиме во борбата против говорот на омраза, односно да го намалиме или елиминираме феноменот наречен говор на омраза.