РАБОТИЛНИЦА „ЗАПОЗНАВАЊЕ СО ЕВРОПСКАТА УНИЈА“

Почетна > Projects > РАБОТИЛНИЦА „ЗАПОЗНАВАЊЕ СО ЕВРОПСКАТА УНИЈА“

Тип: Активност

Дата: Септември – 2015

Статус: Во тек

Албум: Работилница

За проектот

Здружението „НОВУС“ организираше работилница на тема „Запознавање на Европската унија и работата и структурата на институциите на ЕУ“ во рамките на проектот „Запознај ја Европската унија – делувај европски“. – Целта на оваа работилница е да се запознаат граѓаните, посебно младата популација со начинот на функционирање на Европската унија, како работат нејзините институции, но и да промовираме европски вредности и принципи. Во рамките на овој проект ќе биде реализирана уште една работилница, конкретно за ЕРАЗМУС плус и за европските фондови, ќе организираме јавна дебата, а ќе биде распишан и јавен повик за објавување на трудови поврзани со ЕУ.