ЃОРГИ МИЛУШЕВ – ПРЕТСЕДАТЕЛ НА НОВУС

Почетна > Team > Управен Одбор > ЃОРГИ МИЛУШЕВ – ПРЕТСЕДАТЕЛ НА НОВУС

ЃОРГИ МИЛУШЕВ

ПРЕТСЕДАТЕЛ НА НОВУС

Ѓорги Милушев е Магистер eкономист по Монетарна економија, финансии и банкарство при Универзитетот “Св.Кирил и Методиј” Скопје. Ѓорги има 7 годишно работно искуство во банкарскиот сектор во неколку банки и на различни позиции, од кои 3 години како раководител на експозитура. Во моментот од 2020 година работи во А1 Македонија како регионален менаџер за деловни корисници. Покрај кариерата во овој сектор, Ѓорги е активен во граѓанскиот сектор од 2008 година како дел од повеќе граѓански организации на локално и национално ниво, активно вклучен во имплементацијата и координирањето на голем број на проекти и активности особено во областа на младинскиот активизам, граѓанскиот ангажман, неформалното образование за стекнување на вештини за вработување и претприемништвото. Од 2013 година е основач на Центар за истражување и анализи НОВУС Струмица и актуелен Претседател на организацијата, ко-основач на Здружение за развој на бизнис и претприемништво ЦЕФЕ Струмица, како и поранешен член на Извршен одбор на организацијата SWT Alumni Macedonia.

Контакт: g.milusev@associationnovus.org

 

Ѓорги активно има работено и во полето на претприемништвото и бизнис менторирањето од кои една година во Регионалниот Бизнис Центар во скоп на Центарот за развој на ЈИПР, пет години како ментор и консултант во програмата за “Самовработување” на УНДП и АВРМ, како и една година како локален координатор на проектот на УСАИД “YES Network”. Во рамки на овие ангажмани Ѓорги има организирано повеќе од 40 настани и обуки за различни области за компании во Југоисточниот плански регион.