Верица Станојска

Почетна > Team > Волонтери > Верица Станојска

Секој од нас, младите, секојдневно има многу можности да се надоградува и да учи. Невладините организации се тука за да ни го овозможат тоа. Јас сум волонтер во невладината НОВУС, која преку своите многубројни проекти ни помага да ги откриеме нашите способности и истите да ги развиеме. НОВУС ни помага секојдневните проблеми на младите да ги преточиме во ново учење, ново искуство и да добиеме многу, многу солуции за истите. Исто така, НОВУС, покрај младинскиот активизам, преку своите проекти ни пружи еден мал милион прилики за нови запознавања и градење пријателства. НОВУС се залага за младите, НОВУС ни пружи! Започнете волонтерство во НОВУС, за да заедно изградиме многу сеќавања!