За нас

Почетна > За нас

Што работи и како делува ЗГ ЦИА НОВУС Струмица

Кои сме ние?

Здружението на граѓани ЦИА НОВУС од Струмица е доброволна, непрофитна, граѓанска организација, формирана во 2013 година. Работиме во полето на млади, неформална едукација, човекови права, социо-економски развој на заедницата како и промовирање на отчетно и транспарентно работење на институциите.

Која е нашата главна цел?

Нашата цел е подобрување и зголемување на капацитетот кај младите како и
подобрување на нивните компетенции и вештини преку нивен ангажман и
инволвирање во граѓански активизам и волонтерство како и подобрување на
целокупната социо економската состојба на граѓаните во заедницата.

Зошто сакаме да го постигнеме тоа?

Активностите и проектите кои ги спроведва ЦИА НОВУС од Струмица има за
цел да постигне поголема вклученост на граѓаните и младите во креирање на
општествени политики со крајна цел развиена социо-економска положба на
граѓаните.

За кого сакаме да го постигнеме тоа?

Нашата примарна таргет група се младите од Струмица и Струмичкиот микро
регион со секундарниот таргет пошироката популација од овој регион.

Како ја постигнуваме нашата цел?

Спроведуваме активности и проекти преку кои се промовираат граѓански
активизам и волонтерски акции, истражувања и утврдување и мапирање на
проблеми со цел изнаоѓање активности кои би резултирале со решавање на
мапираните проблеми.

Вредности и принципи

  • Независност
  • Стручност и професионалност
  • Јавност
  • Транспарентност
  • Отчетност
  • Етичност
  • Застапување на членството

Географски опфат

  • Општина Струмица
  • Струмички микрорегион
  • Југоисточен плански регион
  • Национално ниво
  • Интернационално ниво

Целни групи

  • Граѓани и групи на граѓани
  • Млади и други секундарни групи
  • Граѓански организации
  • Локални и Државни јавни институции
  • Бизнис заедница
  • Образовни институции и други релевантни чинители
  • Меѓународна заедница

Партнерства и соработка

  • Граѓански организации
  • Образовни институции
  • Локална самоуправа (ЕЛС)
  • Влада на РСМ
  • Институти за истражување
  • Релевантни Министерства
  • Медиуми
  • Амбасади во Република Северна Македонија
  • Домашни и странски фондации
  • Меѓународни институции, фондации
    и здруженија на граѓани

 НОВУС НИЗ БРОЈКИ

Богатството на нашето портфолио се должи на сестраноста на нашите членови и сеопфатноста на нашите проекти.

9

ГОДИНИ ПОСТОЕЊЕ

15

ЧЛЕНОВИ И ВОЛОНТЕРИ

10

ОБЛАСТИ НА ДЕЈСТВУВАЊЕ

20

СОРАБОТНИЦИ И ПАРТНЕРСКИ ОРГАНИЗАЦИИ