Sep
Интегрален текст на изјавата дадена за медиумите:
Почитувани граѓани, почитувани медиуми!
Здружението на граѓани Центар за истражување и анализи НОВУС Струмица, 2017 година започна со реализација на проект за „Мобилизација и активизам во локалната заедница-Институционална поддршка од Фондацијата Отворено Општество Македонија“, заради Институционално и програмско јакнење на здружението НОВУС Струмица.
Во рамките на овој проект НОВУС доби можност институционално да се зајакне и унапреди и во таа насока како реформирано здружение засилено да делува во локалната заедница и како самостојна организација и како дел од мрежата на граѓански организации кои силно ќе делуваат и ќе бидат значаен коректив и на централната и на локалната власт.
Во рамките на реализацијата на сетот проектни активности, организиравме Јавна дебата за подигнување на нивото на граѓаните и институциите за почитување на човековите права, особено за почитување на човековите права на ранливите категории граѓани, насловена како „Еднаквоста е човеково право“, со намера да придонесеме во процесот на утврдување на ситуации и моменти кои ќе бидат база за наша анализа за во иднина аргументирано истапиме пред граѓаните и институциите во процесот на градење на општество еднакво за сите.
Се надеваме дека во рамките на оваа дебата ќе имаме плодна дискусија од страна на присутните, а кај јавноста ќе иницираме поголема свесност за вклучување во овие процеси.
1 Comment
Comments are closed.
“Mobilization and activism in the local community – Institutional support of the Foundation Open Society Macedonia” – Youthocracy