07
Apr
Apr
Здружението НОВУС и ЕД Планетум денеска во просториите во дом на АРМ реализираа работна средба со претставници од општина Струмица и СОУ Никола Карев.
Целта на работната средба беше присутните да се информираат за проектот „Граѓански иницијативи за образование за клима и енергетска ефикасност“ којшто се спроведува заедно со Гоу Грин од Скопје, како и за активностите и следните чекори што се планираат за реализација на проектот.
Главен заклучок од работната средба беше да се покрене иницијатива за зголемено граѓанско учество во создавањето на локални образовни политики поврзани со образование за клима и енергетската ефикасност и формирање на работна група којашто ќе ги следи и реализира проектните активности.