06
Јул
Јул
НОВУС преку свој претставник присуствуваше на обука за користење на законските механизми за учество на граѓаните во процесот на донесување на одлуки на локално ниво во канцеларијата на Центарот на заедницата на општина Струмица во Дом на АРМ – Струмица.
Целта беше учесниците да се стекнат со познавања или да ги прошират своите знаења за користењето на механизмите за организирање на своето учество во донесувањето важни општински одлуки или за предлагање на своите идеи. Се запознаа со процесот на децентрализација и надлежности на единиците на локална самоуправа имеханизмите: граѓанска иницијатива, собир на граѓани, референдум и алатката доставување претставки и предлози до општинската администрација.