Центар за истражување и анализи НОВУС објавува јавен повик за 30 учесници на два теоретски модули за политичко образование кои ќе имаат за цел да ги опремат учесниците со знаење, вештини и доверба за активно вклучување во политичката сфера и придонес во демократски процеси и политичкото зајакнување во Република С. Македонија.
Таргет група се млади, младото членство од политичките партии и претставници од граѓанските организации кои имаат интерес за политички ангажман со цел да ги продлабочат своите интереси за демократските процеси и подобрување на нивните вештини за застапување.
Модулите ќе се одржат во периодот од септември до октомври 2024 година, за време на викендите, на тема:
- 20-22ри Септември 2024 во Дојран – Модул 1: Откривање на сложеноста на изборниот систем во Република С. Македонија и совладување на политичката анализа, вклучувајќи граѓанско образование и избирачки права.
- 04-06ти Октомври (локација дополнително утврдена) – Модул 2: Техники за застапување и ефективни комуникациски стратегии, младинско ангажирање во политиката и јавните политики.
*Присуството на двата модули е задолжително. Учесниците кои ќе ја завршат Академијата за политичко образование ќе се стекнат со сертификат.
Услови за учество:
‒ возраст од 18 ‒ 35 години;
‒ државјанин на Република Северна Македонија;
‒ добро познавање на англиски јазик не е задолжително, но се смета за предност;
‒ истакнато учество во општествениот и политичкиот живот во државата, поттикнувајќи позитивни промени;
‒ солидни познавања на општествената терминологија;
‒ работното искуство, диплома или магистратура ќе се смета за предност.
Начин на пријавување и селекција:
Заинтересираните учесници треба да испратат кратка биографија (CV) за учество на темите од модулите на електроската адреса: contact@associationnovus.org со назив “Учество на Академија за Политичко Образование” не подоцна од 31ви август 2024 год. до 16:00 часот.
Добиените апликации ќе бидат разгледани и оценети од Евалуациска комисија составена од членови на Извршната канцеларија и Управниот одбор на Центар за истражување и анализи НОВУС.
Избраните учесници ќе бидат контактирани лично од проектниот тим преку електорнска пошта и преку телефон, најдоцна 7 дена по завршување на јавниот повик.
* Право на учество ќе имаат пријавените кандидати кои ги исполнуваат наведените услови и ќе достават целосна и навремена апликација.
** Трошоците за модулите и за хотелското сместување ќе бидат покриени од страна на Центар за истражување и анализи НОВУС.