Jul
Советот на општина Валандово денеска на итна седница ја потврди веќе донесената одлука за референдум за рударскиот комплекс „Казандол“ но и за отварање нови рудници, откако минатата недела градоначалникот Николче Чурлиновски не стави потпис и не ја објави во службениот гласник на општината.
Со осум гласови „за“, советниците на Валандово по вторпат донесоа одлука за референдусмко изјаснување кое ќе се одржи на 20-ти август, а на кое жителите од оваа општина ќе се изјаснуваат за продолжување или стопирање на работата на рударскиот комплекс „Казандол“, но и дали да се отворат или не нови рудници за металични минерални суровини.
На денешната седница повторно не беа присутни најголемиот дел од советниците на ВМРО-ДПМНЕ кои заедно со претседателката на Советот, Јасмина Сечкова, се на ставот дека Советот како институција нема надлежност да расправа за отварање или не на рудници.