Oct
Прирачникот на позитивни и иновативни практики од западноевропските земји каде младите учествуваат во процесите на одлучување во рамки на проектот „Силни и гласни млади – Здрава и перспективна заедница“ како дел од „Проектот за младинско изразување“ на Младински Образовен Форум кој го спроваедува во партнерство со Младински Сојуз – Крушево и Центар за Балканска соработка Лоја, финансиран од IPA Civil Society Facility на Европската Унија е резултат на напорите на Центар за истражување и анализи НОВУС да ги истражи позитивните практики на младите од Западно Европските земји и преку примери да направи еден осврт и компарација со младите од Западен Балкан. Дизајнот на истражувањето е направен врз основа на постоечки примери и практики, истражувачки студии и напори да се истражат позициите на оваа демографска група, земајќи го предвид она што веќе е познато и надградувајќи го во нови области.
Важно е да постои разбирање и увид во перцепциите на младите, зашто идниот развој на земјата зависи од знаењето и вредностите на новите генерации.
Младите луѓе насекаде во светот несомнено имаат оставено свој белег на општеството. Дали е тоа преку активизам, ангажираност преку младински организации и волонтерска работа, преку протестни движења, или дури и преку нивното иселување од земјата, тие силно влијаат на општествениот развој на земјата на различни начини.
Се надеваме дека овој Прирачник ќе им послужи на младите од Република Северна Македонија како добар пример со позитивни и иновативни практики од западно европските земји и ќе ги поттикне да станат граѓански активисти и чинители за доброто на заедницата и општеството со цел да променат нешто кон подобро.
Целосниот прирачник може да го симнете на следниот линк.