May
Здружението НОВУС преку проектот за институционална поддршка во 2017 и 2018година ќе работи на унапредување на локалната демократија и социјалната кохезија во општина Струмица. Проектот е финансиран од Фондацијата Отворено општество – Македонија.
Главни приоритети на кои се базира проектот се:
– Програмско и институционално јакнење на НОВУС за унапредување на демократските процеси и социјалната кохезија во општината
– Промоција и заштита на универзалните права и слободи на граѓаните
– Промовирање и застапување на европски вредности, принципи и политики
– Зајакнување и унапредување на младите и младинските политики на локално, регионално и на национално ниво
– Зголемена соработка со други локални, регионални, европски ГО, јавни институции и приватни компании
– Потенцирање на важноста на граѓанскиот сектор во процесот на донесување одлуки во процесот на креирање на локалните и националните политики
Целни групи кои ќе имаат бенефит од овој проект се: младите, здруженија на граѓани од локалната заедница, микрорегионот и државата, граѓани на општина Струмица и микрорегионот Василево, Босилово, Ново Село, локални и јавни-општествени институции, мали и средни претпријатија, училишта, високообразовни институции, медиуми и активистички јадра.
Проектот чини вкупно 22.154 американски долари и ќе се реализира на територија на општина Струмица. Проектот започна со реализација, а ќе заврши во мај 2018 година.