Jul
Во рамки на проектот за институционална поддршка, финансиски подржан од страна на Фондацијата Отворено Општество Македонија, Центарот за истражување и анализи НОВУС започна со кампања за промовирање на занаетчиството како шанса која ја имаат младите да започнат свој сопствен бизнис. Станува збор за активност со која интенцијата е да се подигне свеста кај младите за занаетчиството како можност истите да започнат да се занимаваат со одредена занаетчиска дејност и да започнат свој сопствен бизнис.
За таа цел организацијата изготви постери кои беа поставени на јавни места во општина Струмица и паралелно се дистрибуираше леток каде може да се видат дел од предностите кои би ги имале младите доколку се одлучат да започнат се занимаваат со занаетчиство.
Оваа активност е дел од Цел 4 од проектот: Зајакнување и унапредување на младите и младинските политики на локално, регионално и на национално ниво како двигателна сила на демократските процеси во РМ и во таа насока подготовка на младите луѓе преку градење и развивање на претприемачки вештини да се јават на пазарот на трудот силни и самостојни без ризик од политички и други влијанија во државата.