Aug
Денес НОВУС во рамки на проектот Волонтерството надеж за иднината! – финансиран од Цивика Мобилитас спроведе кафе средби со тимовите од Средните Општински Училишта од Струмица, каде младите имаа можност да разменат искуства и практики од акциите и кампањите кои во рамки на проектот сами ги креираа и разговараа што би било она кое може да го подобрат или имплементираат во иднина, со цел поголем импакт врз заедницата.
Покрај кафе средбите се организираше и спроведе Отворен ден каде младите имаа прилика да се запознаат со можностите за волонтирање на локално ниво, преку зачленување во организацијата или поврзување со други активни организации на локално ниво преку кои ќе можат да волонтираат и да бидат активни граѓани и придонесуваат во заедницата во која што живеат.