Nov
Центарот за истражување и анализи НОВУС во рамките на проектот „Младите и младинските организации – силен партнер на општина Струмица“ којшто е целосно поддржан од општина Струмица во рамките на G1 програмата за 2017 година реализираше и спроведе истражување за тоа дали граѓаните и младите се запознати со процесите на донесување на одлуки на локално ниво, дали досега учествувале во креирање на локална политика и дали им се познати инструментите кои овозможуваат вклучување во процесите на донесување на одлуки.
„Колку за илустрација на прашањето дали младите во Струмица се вклучени во процесот на донесување одлуки, дури 60% одговориja позитивно, но на прашањето преку која организација, дури 80% се изјасниja дека не членуваат во ниту една организација. 70% од младите се изјасниja дека не се дел од активност или иницијатива која ги засега младите, а речиси ист е процентот, околу 70% од младите кои не знаат дека во општина Струмица има Стратегија за млади. Отварање младински културен информативен центар, обуки и неформална едукација, кино сала, градски базени, вистински културни настани, спортски игралишта и повеќе вработувања се дел од потребите на младите од Струмица кои беа опфатени со истражувањето“, рече Милушев.
Истражувањето опфати 260 испитаници преку анкетни прашалници и тоа од различни националности, образование, пол и место на живеење и беше спроведено преку интернет и теренски по случаен избор во општина Струмица, вклучително и населените места што гравитираат околу Струмица. Истражувањето траеше од 1 Јуни до 31 Август.