Feb
Ученици од средните училишта организирани во Младинскиот Совет вечерва во Домот на АРМ во Струмица дебатираа на тема „Македонија на патот кон ЕУ -можности, придобивки, закани“.
Дебатата ја организираше Центарот за истражување и анализи НОВУС од Струмица.
Целта е преку дебата на младите да се промовираат европските вредности, принципи и политики заради подобрување и унапредување на владеењето на правото, демократијата и хармонизирањето со ЕУ. Според организаторите, со јавната дебата се поттикнува зборувањето за важни прашања од национален интерес, како што е прашањето за Европската унија и преку учество во дебатата да се иницира размислување кај граѓаните, со посебен акцент на младата популација.
„Ние како организација остануваме доследни на ставот дека примарно треба да се работи на локално ниво на промовирање на ЕУ политиките и истите да се шират на ниво на цела држава“, рече Венерка Ристовска.
Јавната дебата се организира во рамките на проектот за институционална поддршка од Фондацијата Отворено општество Македонија за програмско јакнење на организацијата.
Линк до фотогалерија: https://goo.gl/KnknDA