08
Mar
Mar
Здружението НОВУС од Струмица претставувано од претседателот Ѓорги Тасев и Асоцијацијата за интернационална мобилизација (АИМ) претставувано од претседателот Никица Бачовски од Виница денес потпишаа меморандум за соработка.
Воедно, тие се обврзаа нивните заеднички активности и дејствувања да бидат базирани во 4 сегменти и тоа:
- Млади и младински активизам
- Добро владеење и владеење на правото
- Децентрализација
- Промоција на човекови права
Со овој меморандум, покрај реализацијата на заеднички активности, здруженијата се обврзаа да разменуваат искуства и знаења, да аплицираат на заеднички проекти и да придонесат заеднички со целиот свој капацитет за јакнење на граѓанското општество како коректив на работата на властите.