Jul
Центарот за истражување и анализи НОВУС и ЕД Планетум ги презентираа мониторинг извштаите за соработка со граѓанскиот сектор, образование и социјална заштита на о.Струмица.
На презентацијата беше присутен и В.Д Градоначалникот на општина Струмица, Костадин Костадиновски, советници, ГО, медиуми и активисти. Настанот беше модериран од страна на Центарот на заедницата на општина Струмица.
Преку мониторингот,здруженијата имаа за цел да го утврдат степенот на реализација на активностите од стратегиите: соработка со граѓански сектор, развој на образование и социјална заштита и да ги посочат главните недостатоци во реализацијата и имплементацијатa на активностите.
Овие активности беа поддржани од страна на Фондацијата отворено општество Македонија.
Мониторинг извештаите можете да ги најдете на следниоте линкови: Образование / Социјална заштита