Feb
Чест ни е и задоволство што денес ЦИА НОВУС во улога на домаќини беа дел од организацијата на еден прекрасен настан, неформална кафе средба со Амбасадорката на Велика Британија во Р. Северна Македонија Г-а Рејчел Галовеј, која не удостои со своето присуство, каде младите од Струмица имаа можност да разговараат на многу теми и да поставуваат прашања за младински програми, проекти за поддршка на млади и граѓански сектор, стипендиски програми и образовни можности.
Настанот започна со обраќање на Извршниот Директор на ЦИА НОВУС Г-н Ѓорги Милушев, а на настанот присуствуваа и Заменик Амбасадорот на Велика Британија во Р. Северна Македонија Г-н Доменик Отвеј, како и Програмскиот Координатор од Амбасадата на Велика Британија Г-н Ричард Мелион.
На неформалната кафе средба која се одржа во кафичот “Нагоре” присутни беа околу 40 млади на најразлична возраст. Посетеноста на ваквиот настанот денес се покажа како добар мотив НОВУС и понатаму како организација да продолжи да биде дел на што повеќе вакви настани со цел да се поттикнат младите да бидат се повеќе вклучени во граѓанскиот сектор и да имаат одговор на своите прашања.