Jun
Центарот за истражување и анализи НОВУС во рамките на проектот „Младите и младинските организации – силен партнер на општина Струмица“ спроведува испитување на јавно мислење на 263 граѓани што е репрезентативен примерок зeмајќи ги во предвид сите демографски карактеристики за популацијата на општина Струмица.
Преку оваа активност, ќе се утврди дали граѓаните и младите се запознати со процесите на донесување на одлуки на локално ниво, дали досега учествувале во креирање на локална политика и дали им се познати инструментите кои овозможуваат вклучување во процесите на донесување на одлуки, особено во време на политичка транзиција, демократија и политички турбуленции.
Покрај ова, НОВУС во наредниот период планира да организира јавна дебата и фокус група со цел да се направа сеопфатно истражување кое ќе содржи концизни и јасни наоди.
Линк до прашалникот: https://goo.gl/t8JVbF