25
Feb
Feb
Денес во рамки на проектот ,,Волонтерството – надеж за иднината!”, кој Центарот за истражувања и анализи НОВУС го имплементира со помош на Цивика мобилитас, во СОУ „Димитар Влахов“ се реализираше Обука за Волонтерство за средношколци со цел да се запознаат на кои начини и како може да волонтираат во заедницата и како преку волонтеризам да станат младински активисти кои ќе лоцираат одредени проблеми за кои ќе нудат креативни решенија, со цел во иднина да волонтираат и да се активираат во работата на граѓанските организации.