Јавен повик за ангажирање на програмер/софтверска компанија за изработка на веб платформа за потребите на проектот„EUConnect: Зајакнување на бизнисите за европски успех“, финансиски поддржан од Фондација Отворено Општество. На овој повик во улога на апликанти може да се јават индивидуи или компании.
Ангажманот е со времетраење од три месеци (Јануари-Март 2024).
Одговорности и Задачи:
Изработка на web B2B платформа за вмрежување на бизнисите со други бизниси, потенцијални купувачи, добавувачи и потрошувачи во ЕУ, со акцент на Грција и Бугарија. Платформата ќе функционира како агрегатор каде што бизнисите ќе можат да го претстават својот обем на работа, што работат, што продаваат од една страна или што купуваат и какви партнери од другата страна им требаат. Истото ќе им биде овозможено и на компаниите од Грција и Бугарија. Креираната платформа треба да им обезбеди на бизнисите од нашата земја и соработниците и парнерите од ЕУ земјите, простор за поврзување и ангажирање со потенцијални партнери, купувачи, добавувачи и потрошувачи од пазарот на ЕУ. Учесниците и членовите на платформата ќе добијат пристап до мрежа на бизниси со истомисленици, олеснувајќи ја соработката и поттикнувајќи значајни деловни односи. Покрај ова бизнисите ќе добијат олеснета регионална економска соработка, со посебен акцент на фирмите од Бугарија и Грција каде ќе можат да идентификуваат нови потенцијални партнери или соработници од овие региони, поттикнувајќи го регионалниот економски раст и деловните врски.
Комплетна изработка на дизајн и лого.
Изработка на SEO friendly веб за промоција на web платформата.
Квалификации и Вештини:
* Диплома или магистратура за компјутерско инженерство и технологии.
* Најмалку 5-годишно работно исксутво во областа на програмирање;
* Искуство во креирање на веб платформи;
* Креативност и понудување на креативни решенија;
* Запознаеност со работата на Центар за истражување и анализи НОВУС;
* Одлично познавање на македонски и англиски јазик;
* Одлични меѓучовечки и комуникациски вештини;
* Проактивност и висока исполнителност со минимален надзор;
* Докажани способности за планирање и организација, и имплементација на активности од зачеток до финално известување;
* Способност за тимска работа во средина во која се почитуваат и промовираат различностите.
Начин на аплицирање:
Сите заинтересирани кандидати треба да ги достават следните документи:
* Кратка биографија
* Финансиска понуда преку електронска пошта, на zdruzenienovus@gmail.com со наслов “Понуда за изработка на веб платформа”. Рок за доставување на понуди: 10.01.2024. Добиените понуди ќе бидат разгледани и оценети од Евалуациска комисија составена од членови на Извршната канцеларија и Управниот одбор на НОВУС.
Процедура за избор: НОВУС ќе ги вреднува понудите според обемот и квалитетот на активностите предвидени во концептот, понудената цена и искуството на понудувачот. НОВУС го задржува правото да избере една или неколку понуди целосно или делумно или да не одбере ниту една од понудите. НОВУС се обврзува дека нема да ги користи избраните и одбиените понуди за други цели.