Центар за истражување и анализи НОВУС објавува јавен повик за ангажирање видеограф кој ќе биде задолжен за снимање и едитирање на поткаст епизоди во времетраење од 12 месеци. Поткаст епизодите се спроведуваат во рамки на проектот „Премостување на интеретинчки бариери“, спроведуван од Центарот за истражување и анализи НОВУС во соработка со Мисијата на ОБСЕ во Скопје.
ЗАДАЧИ И ОДГОВОРНОСТИ НА ВИДЕОГРАФОТ:
Работните задачи на видеографот се состојат од:
- Снимање на поткаст епизоди еднаш месечно, во времетраење од 12 месеци;
- Едитирање на поткаст епизоди и праќање на кратки инсерти за пормоција на социјални мрежи;
- Навремено спроведување на обврските и должностите на видеографот;
- Комуникација со модератори;
- Комуникација со проектен координатор и проектен тим;
- Поседување на техничка опрема за снимање на поткаст.
КРИТЕРИУМИ ЗА АПЛИЦИРАЊЕ:
- Искуство со работа со млади и општо со луѓе;
- Искуство со снимање и едитирање;
- Државјанин на Република Северна Македонија;
- Одлично познавање на македонски и/или англиски јазик;
- Одлични вештини за работа со камера;
- Желба и ентузијазам за тимска работа.
За избраните апликанти следува месечен финасиски надомест по извршување на месечните обврски.
Заинтересираните кандидати треба да се пријават најдоцна до 03.03.2024 (Недела), 23.59 часот, со испраќање на вашето CV и финансиска понуда со назнака на мејлот „Поднесување на апликација за видеограф за потребите на проектот Премостување на интеретнички бариери” на е-маил адресата: contact@associationnovus.org
По завршувањето на отворениот повик, ќе одвоиме неколку дена за разгледување на вашите апликации, по што ќе бидете известени на вашата е-маил адреса за понатамошни информации.
За дополнителни информации може да се обратите на: contact@associationnovus.org.
ВИДИ ПОВЕЌЕ: Јавен повик