Центарот за истражување и анализа НОВУС објавува јавен повик за експерт/ка во рамките на иницијативата „Skills Uprise: Connecting Youth to Opportunities! “ за креирање и изработка на истражувачка методологија и спроведување на истражување за недостатокот на „меки“ вештини на младите и бариерите со кои работодавачите се соочуваат при вработување на млади во Струмичкиот микро регион.
Почнувајќи од 20ти јули до, заклучно со, 25ти август 2024 година, експертот/ката ќе има рок да истражува на темата, креира методолошка рамка, комуницира со анкетарите и сите релевантни страни за ова истражување, да ги анализира добиените податоци, и да подготви документ за истражувањето заедно со донесените заклучоци, кој потоа ќе биде употребен за поддршка при развојот на тренинг програмите направени да ги адресираат празнините во вештините на младите идентификувани во самиот документ.
ЗАДАЧИ И ОДГОВОРНОСТИ НА ЕКСПЕРТОТ/КАТА:
- Подготовка на истражувачка рамка и метод на истражување според кои ќе биде спроведено истражувањето за недостатокот на „меки“ вештини на младите и бариери на работодавачите во вработување на млади во Струмичкиот микро регион;
- Подготовка на финален извештај од истражувањето кој понатаму ќе биде презентиран до засегнатите страни и ќе биде употребен за поддршка на развојот на тренинг програми направени да ги адресираат празнините идентификувани во извештајот;
- Подготовка на извештај за напредокот на активноста и истражувањето и доставување до НОВУС;
- Комуникација со проектните партнери, анкетарите и други засегнати страни на иницијативата;
- Врши други активности кои овозможуваат постигнување на целите на иницијативата;
- Вршење на доделените должности верно, чесно, одговорно и во согласност со одредбите од договорот со организацијата;
- Вложува максимални напори и способности во помагањето, организацијата, имплементацијата на активноста и ги одразува интересите на НОВУС и донаторот;
КВАЛИФИКАЦИИ:
- Најмалку 2 години релевантно работно искуство во развивање стратешки, истражувачки, комуникациски документи и програми;
- Познавање на недостатокот на „меки“ вештини кај младите и бариерите со кои работодавачите се соочуваат при вработување на млади во Струмичкиот регион;
- Свесност за различните етникуми и етнички заедници кои живеат во Струмичкиот регион;
- Докажано работно искуство на работа во проекти или слични улоги и задачи во невладиниот (НВО) сектор;
- Високо развиени аналитички вештини;
- Одлично познавање на македонски и англиски јазик;
- Одлични интерперсонални и комуникациски вештини;
- Проактивност и високи перформанси со минимален надзор;
- Докажани вештини за планирање и организација и спроведување на активности од започнување до финално известување;
- Способност за тимска работа во средина каде што се почитува и промовира различности на повеќе основи.
За да аплицирате, испратете го вашето CV, мотивационо писмо и финансиска понуда на contact@associationnovus.org, најдоцна до 14.07.2024 година (недела), 23:59 часот.
ВАЖНО: Во насловот на вашата е-пошта наведете дека аплицирате за работното место Експерт/ка за изработка на истражување “Skills Uprise: Connecting Youth to Opportunities!”
Само избраните кандидати дополнително ќе бидат контактирани од организацијата.
ЗА ИНИЦИЈАТИВАТА
„Skills Uprise: Connecting Youth to Opportunities!“ е иницијатива дизајнирана да ги опреми младите невработени лица во Струмичкиот микро регион, и оние кои сакаат да стекнат есенцијални „меки“ и дигитални вештини потребни за одржливо и значајно вработување, преку сеопфатен пристап кој вклучува развој на вештини, вмрежување и воспоставување на простор за иновативно создавање.
Целна група: млади од 15 до 30 години.
Оваа иницијатива е поддржана од Американскиот народ преку Агенцијата на САД за меѓународен развој (УСАИД), организиранa од „Центар за истражувања и анализи НОВУС“ во рамки на Активноста на УСАИД за млади кои активно создаваат можности, имплементирана од организацијата Унапредување на економиите за посилни заедници, во партнерство со Младински образовен форум (МОФ) и Центарот за претприемачи и развој на менаџери (CEED Hub) Скопје. Мислењата изразени на оваа веб страница им припаѓаат на авторите/„НОВУС“ и не ги изразуваат ставовите на УСАИД или на Владата на Соединетите Американски Држави (САД).