Центар за истражување и анализи НОВУС објавува повик за модератор на поткаст и поддршка во опрема и снимање 5 епизоди во рамки на проектот “Информирана Локална Заедница: Медиумска Писменост и Етичко Известување според ЕУ стандарди” поддржан преку програмата за мали грантови на „Тренинг-Академија за новинари и медиумски работници – Т-АЈМ“ финансирана од Европската Унија.
Опис на позициите:
- Модератор на подкаст:
- Одговорен за водство на разговорите во поткастот.
- Претставување на темите и гостите.
- Обезбедување динамика и квалитетна интеракција со учесниците.
- Спроведување на истражување и подготовка на содржини поврзани со темите на подкастот.
- Поддршка за опрема и снимање на поткасти:
- Поставување и одржување на опремата за снимање (микрофони, аудио интерфејси, камери).
- Снимање на 5 епизоди поткаст и обезбедување квалитетен звук и видео.
- Монтажа на поткасти и подготовка за објавување.
Потребни квалификации:
- Модератор:
- Искуство во модерирање на дебати, интервјуа, или поткасти.
- Одлични комуникациски и презентациски вештини.
- Способност за импровизација и управување со динамиката на разговорот.
- Познавање на актуелни теми и способност за истражување на различни области.
- Поддршка за опрема и снимање:
- Искуство со снимање на аудио и видео.
- Познавање на аудио и видео опрема.
- Способност за монтажa и обработка на снимени материјали.
- Основни познавања на софтвери за монтажа и продукција.
Начин на аплицирање:
Сите заинтересирани кандидати треба да испратат своја кратка биографија и мотивациско писмо со назнака за позицијата на која аплицираат (Модератор на поткаст или Поддршка за опрема и снимање поткасти) на contact@associationnovus.org најдоцна до 14.10.2024. Апликациите ќе бидат разгледани по редослед на пристигнување.
Рок за пријавување: 14.10.2024