ЈАВЕН ПОВИК ЗА ОБУЧУВАЧ/И ЗА ПОЛИТИЧКО ОБРАЗОВАНИЕ
во рамки на проектот
„Иницијатива за зајакнување на демократијата: зајакнување на политичкиот ангажман и учество во Р.С.Македонија“, финансиски поддржан од NED (National Endowment for Democracy)
Центар за истражување и анализи НОВУС објавува оглас за ангажирање на обучувач/и за два теоретски модули за политичко образование кои ќе имаат за цел да ги опремат учесниците со знаење, вештини и доверба за активно вклучување во политичката сфера и придонес во демократски процеси и придонесуваат за политичко зајакнување во Република С. Македонија.
Таргет група се млади, младото членство од политичките партии и претставници од граѓанските организации кои имаат интерес за политички ангажман со цел да ги продлабочат своите интереси за демократските процеси и подобрување на нивните вештини за застапување.
Модулите се планираат да бидат во времетраење од по 3 дена, на тема:
- Модул 1: Откривање на сложеноста на изборниот систем во Република С. Македонија и совладување на политичката анализа, вклучувајќи граѓанско образование и избирачки права.
- Модул 2: Техники за застапување и ефективни комуникациски стратегии, младинско ангажирање во политиката и јавните политики.
Опис на работен ангажман
Заради исполнувањето на ангажманот предмет на овој јавен повик, обучувачот треба да ги спроведе следните работни задачи:
- Одржување на работни состаноци и комуникација со проектниот тим (во текот на целиот ангажман);
- Подготовка на нацрт програма за обука за развивање вештини на критичко размислување, зависно темата на модулот;
- Спроведување на тренинг обуки во 3 дена за еден модул за 30 млади;
- Подготовка на извештај за спроведената обука и постигнатите резултати.
- Тренерот треба да биде во редовна координација со проектниот тим при спроведувањето на работните задачи.
Потребни квалификации
- Најмалку 3-годишно релевантно работно искуство со држење на обуки и работилници за млади;
- Искуство во креирање на програми за обука на млади;
- Способност за сумирање и претставување на стручни термини во лесно разбирливи текстови и пораки за млади;
- Одлично познавање на македонски и англиски јазик;
- Одлични меѓучовечки и комуникациски вештини;
- Проактивност и висока исполнителност со минимален надзор;
- Докажани способности за планирање и организација, и имплементација на активности од зачеток до финално известување;
Начин на аплицирање:
Сите заинтересирани кандидати/ки треба да ги достават следните документи:
- Кратка биографија на обучувачот
- Финансиска понуда
- Методологија за работа преку електронска пошта, contact@associationnovus.org со назнака: Понуда за обучувач на тренинг обука за политичко образование.
Добиените апликации ќе бидат разгледани и оценети од Евалуациска комисија составена од членови на Извршната канцеларија и Управниот одбор на Центар за истражување и анализи НОВУС.
Рок на аплицирање: 15.07.2024, 23:59.
За повеќе информации и/или прашања обратете се на contact@associationnovus.org