Во склоп на проектот EUConnect: Зајакнување на бизнисите за европски успех, во организација на ЦИА Новус Струмица, а финансирано од Фондација Отворено Општество Македонија, се спроведуваат бесплатни обуки во 7 градови на тема: “Усогласеност со ЕУ бизнисот и можности за соработка во рамки на ЕУ”, со цел разбирање на правните и регулаторни барања, обврските за излез и работење на европскиот пазар, стандарди за производи, трговски регулативи, закони за заштита на податоци и вработување.
Првата од вкупно 7 обуки ќе се спроведува во Струмица на 20.02.2024 (вторник) во Хотел Тивериопол. Пријавувањето за учество на оваа обука се врши со оставање на податоци на следниот линк: https://forms.gle/wVbC48fEzxhvTpgW9 при што нашиот тим ќе Ве контактира во најбрз рок.