Центар за истражување и анализи НОВУС објавува јавен повик за ангажирање на двајца модератори/ки кои ќе бидат задолжени за водење на поткаст епизоди еднаш месечно во времетраење од 10 месеци. Поткаст епизодите се спроведуваат во рамки на проектот „Премостување на интер-етинчки бариери“, спроведуван од Центарот за истражување и анализи НОВУС во соработка со Мисијата на ОБСЕ во Скопје.
ЗАДАЧИ И ОДГОВОРНОСТИ НА МОДЕРАТОР/КА:
Работната задача на модератор се содржи од:
- Снимање и водење на поткаст епизоди еднаш месечно, во времетраење од 10 месеци;
- Темелно истражување на позадината на гостите на поткастот, и подготвување на соодветни прашања за истите;
- Креирање на програма за работа која ќе содржи информации за темите на епизодите и гостите кои ќе бидат присутни, во координација со проектниот координатор;
- Навремено спроведување на обврските и должностите на модераторите;
- Поднесување краток извештај после секој снимен подкаст за работата и координацијата на модераторите.
КРИТЕРИУМИ ЗА АПЛИЦИРАЊЕ:
- Млада личност од 15-29 години;
- Двајца модератори од различен пол (1 машко, 1 женско);
- Двајца модератори од различен етникум (Македонец/ка, Турчин/ка, Албанец/ка, Ром/ка…)
- Државјанство на Република Северна Македонија
- Одлични комуникациски вештини
- Одлично познавање на македонски и/или англиски јазик
- Одлични вештини за работа пред камера
- Претходно искуство со спроведување на позадинско истражување на говорници/умешност за креирање на интересни прашања од младински интерес
- Желба и ентузијазам за тимска работа
За избраните апликанти следува месечен финасиски надомест по извршување на месечните обврски.
Заинтересираните кандидати треба да се пријават најдоцна до 15.02.2024 (Четврток), 23.59 часот, со испраќање на вашето CV и мотивациско писмо со назнака на мејлот „Поднесување на апликација за модератор/ка за потребите на проектот Премостување на интеретнички бариери” на е-маил адресата: zdruzenienovus@gmail.com.
По завршувањето на отворениот повик, ќе одвоиме неколку дена за разгледување на вашите апликации, по што ќе бидете известени на вашата е-маил адреса за понатамошни информации.