Центарот за истражување и анализа НОВУС, во рамките на иницијативата „Skills Uprise: Connecting Youth to Opportunities!“, објавува јавен повик за ангажирање на лица кои ќе учествуваат во спроведување на теренскиот дел на истражување, во период од 29.07.2024 до 10.08.2024 година.
Работната задача се состои во извршување на анкета „лице в лице“ со помош на компјутер во градски и селски населби. Работниот ангажман на избраните кандидати ќе се заснoва на Договор за дело. Анкетирањето ќе се врши преку репрезентативен примерок на популацијата на Струмичкот микро регион (ќе бидат спроведени вкупно 180 прашалници со цел постигнување на релевантна анализа).
Работата ќе се одвива со опрема обезбедена од страна на Центар за истражување и анализи НОВУС.
Кандидатите кои ќе се пријават на овој повик, потребно е да ги исполнуваат следните критериуми:
Задолжителни критериуми:
- да се државјани на Република Северна Македонија;
- да имаат завршено најмалку средно образование;
- познавање на работа со персонални компјутери.
Предност при избор на кандидати:
- искуство во спроведување на анкета „лице в лице“ со помош на компјутер/таблет;
- претходно работно искуство како анкетар/ка;
- да немаат засновано работен однос;
- високо образование.
Заинтересираните кандидати треба се пријават најдоцна до 15.07.2024 преку електронскиот формулар на следниот линк: https://forms.office.com/e/XusgpzEqr1
По завршувањето на повикот ќе бидат контактирани само избраните лица. За дополнителни информации можете да се обратите на contact@associationnovus.org
ЗА ИНИЦИЈАТИВАТА
„Skills Uprise: Connecting Youth to Opportunities!“ е иницијатива дизајнирана да ги опреми младите невработени лица во Струмичкиот микро регион, и оние кои сакаат да стекнат есенцијални „меки“ и дигитални вештини потребни за одржливо и значајно вработување,
преку сеопфатен пристап кој вклучува развој на вештини, вмрежување и воспоставување на простор за иновативно создавање.
Целна група: млади од 15 до 30 години.
Оваа иницијатива е поддржана од Американскиот народ преку Агенцијата на САД за меѓународен развој (УСАИД), организиранa од „Центар за истражувања и анализи НОВУС“ во рамки на Активноста на УСАИД за млади кои активно создаваат можности, имплементирана од организацијата Унапредување на економиите за посилни заедници, во партнерство со Младински образовен форум (МОФ) и Центарот за претприемачи и развој на менаџери (CEED Hub) Скопје. Мислењата изразени на оваа веб страница им припаѓаат на авторите/„НОВУС“ и не ги изразуваат ставовите на УСАИД или на Владата на Соединетите Американски Држави (САД).