Центар за истражување и анализи НОВУС во рамки на проектот “Информирана Локална Заедница: Медиумска Писменост и Етичко Известување според ЕУ стандарди” поддржан преку програмата за мали грантови на „Тренинг-Академија за новинари и медиумски работници – Т-АЈМ“ финансирана од Европската Унија, oтвара јавен повик за 20 млади новинари од Струмичкиот микро регион.
Специфично, повикот е отворен за: – 20 млади од Струмичкиот микро регион како граѓански новинари.
Опис на менторската програма за млади новинари/студенти по новинарство
Менторската програма е отворена за млади новинари и студенти по новинарство кои сакаат да ги зајакнат своите капацити и компетенции во креирањето на локални перспективи за европска интеграција и да бидат мултипликатори на позитивни практики. Преку процесот на менторирање младите граѓански новинари ќе бидат оспособени со новинарски вештини и разбирање за процесите на европска интеграција на локално ниво каде ќе ги научат новинарските вештини, начини на презентација, анализа и комуникациските аспекти и ќе ги добијат потребните знаења за актуелни теми поврзани со Европска Унија.
Временска рамка:
Менторската програма е предвидена да започне во месец јули и да трае еден месец. На учесниците ќе им биде доделен ментор со кој заеднички во рок од еден месец ќе треба да изработат медиумски продукт.
Услови за пријавување:
- Млади од Струмичкиот микро регион
- Да се на возраст помеѓу 16 и 29 години;
- Да се студенти по новинарство или планираат да студираат новинарство;
- Да пишуваат стории и да имаат интерес да се занимаваат со новинарство;
Начин на пријавување:
Заинтересираните лица за учество во менторската програма може да го искажат својот интерес со пополнување на линкот https://forms.office.com/e/8WaqCbGiv3, најдоцна до 15 јули (понеделник), 23:59. Доколку имате потреба од дополнителни информации обратете се на: contact@associationnovus.org.
НОВУС го задржува правото да ги исконтактира само оние кандидати коишто ги исполнуваат условите.